Окта најголема, Македонски телеком најуспешна

Bez autora
Oct 17 2010

Окта, ЕВН Македонија и Макпетрол се трите најголеми, а Македонски телеком, Т-Мобиле Македонија и Камени мост комуникации трите најуспешни компании во Македонија за 2009 година. Според податоците објавени во најновата, седма, по ред публикација 200 најголеми фирми во РМ", компаниите од енергетскиот сектор се најголемите во земјава, а најуспешно работат и остваруваат одлични приходи и добивки телекомуникациските компании. 200-те најголеми компании остваруваат 42,88 отсто од вкупниот приход, додека 200-те најуспешни 53,5 проценти од добивката пред оданочување на сите стопански субјекти во земјава. Pангирањето на фирмите ќе придонесе за нивна поголема афирмација и привлекување на повеќе странски инвеститори.

Окта најголема, Македонски телеком најуспешнаОкта, ЕВН Македонија и Макпетрол се трите најголеми, а Македонски телеком, Т-Мобиле Македонија и Камени мост комуникации трите најуспешни компании во Македонија за 2009 година.

Според податоците објавени во најновата, седма, по ред публикација 200 најголеми фирми во РМ", компаниите од енергетскиот сектор се најголемите во земјава, а најуспешно работат и остваруваат одлични приходи и добивки телекомуникациските компании.

Како што нагласи министерот за економија, Фатмир Бесими, 200-те најголеми компании остваруваат 42,88 отсто од вкупниот приход, додека 200-те најуспешни 53,5 проценти од добивката пред оданочување на сите стопански субјекти во земјава. Бесими вели дека рангирањето на фирмите ќе придонесе за нивна поголема афирмација и привлекување на повеќе странски инвеститори.

- Добро е што компаниите што се најдоа на листата и во услови на глобалната криза остваруваат приход и создаваат профит. Меѓу нив се и најголемите индустрии - енергетиката, телекомуникациите, како и информатичка технологија, трговија и услугите - вели Бесими.

Тој му укажа на изготвувачот на публикацијата, Еуро бизнис центар" - Скопје дека во следната едиција добро е да има повеќе податоци за најголемите компании, како што е бројот на вработени, инвестиции и развој, освојување нови пазари и слично.

Инаку, Окта е најголема компанија во земјава со остварен приход од 410 милиони евра во минатата година, што е за 37,74 отсто помалку во однос на 2008 година. ЕВН Македонија реализирала 346,5 милиони евра или 15,39 проценти повеќе од 2008. Нафтениот дистрибутер Макпетрол ланската година ја завршил со вкупно остварени 284,2 милиони евра што е 27,73 отсто помалку од 2008 година. Меѓу десет најголеми се и ЕЛЕМ, Македонски телеком, Т-Мобиле Македонија, Фени индустри, Еуро табак, Тинекс и Алкалоид. Голем скок од 130 на 52 место лани забележал Вип оператор, а спротивно од мобилниот оператор, авиокомпанијата Македонскиот авиотранспорт - МАТ, паднала од 41 место во 2008 година на 154 место, бидејќи компанијата престана да работи.

Највисока реализирана добивка пред оданочување лани остварил Македонски телеком (105,7 милиони евра), а по него следува Т-Мобиле Македонија со 66,7 милиони евра. Трета на листата најуспешни е Камени мост комуникации во ликвидација каде се реализирани 60,6 милиони евра. По неа следува Усје, Саса, Империјал тобако ТКС, Ерсервисис, Мепсо, Пивара и на десетото место Макотен од Гевгелија. На листата на најуспешни фирми на 27 место се најде компанијата Дојран стил од Дојран, а на 29 место Македонски железници Транспорт иако двете фирми во 2008 не биле меѓу 200-те најголеми. На високото 134 место се вброи и Европскиот универзитет на РМ од Скопје. Голем скок од 135 место во 2008 година, на 38 место се најде и фирмата Електроелемент.

При рангирањето на компаниите се земени предвид показателите за вкупниот приход, нето-добивката, успешноста во рамки на дејноста, градовите во кои се лоцирани, како и споредбите со најголемите и најуспешните фирми во соседството: Србија, Хрватска и Словенија. Првите места на листата најголеми компании ги држат нафтените индустрии и во Словенија, Хрватска и Србија, но тие лани оствариле три до четири пати поголеми приходи од Окта. На листата, пак, најуспешни во регионот се исто така компании од телекомуникацискиот сектор. Телеком Србија остварил 1,5 пати поголема добивка од Македонски телеком, а хрватски Т-Мобиле два пати поолема.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik